Македонија е наша пријателска земја во која се одржуваат парламентарни избори, вели во пораката поранешната европратеничка од Хрватска и голем пријател на Македонија, Маријана Петир.

На граѓаните на Македонија им посакувам да ги изберат оние политичари кои ќе се грижат за заштита на суверентитетот на државата и за зачувување на идентитетот на народот, и кои на младите ќе им овозможат перспектива да останат во нивната татковина, вели во објавата Петир.

Таа е еден од искрените хрватски и европолитичари, кои во изминатите години отворено се залагаа за зачувување на уставното име Република Македонија и зачувување на идентитетот на Македонците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.