Марјан Ѓорчев, поранешен амбсадор на Република Македонија во Бугарија во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за Гоце Делчев каде истакна дека според него ако Република Македонија се откаже од Гоце Делчев тоа ќе значи откажување од националниот суверенитет од она што претставува македонски бит, македонска суштина, македонска супстанца.

-Прво јас никогаш нема да се откажам од Гоце Делчев, науката сето она што го има напишано и создадено како историски документи исто така може да дискутира за начинот за кој Гоце Делчев се чествува во другите држави, што Гоце Делчев е роден во отоманската империја Македонија, се бори за автономија на Македонија и умира во Македонија, а заветот му е да биде закопан во Македонија. Според мене ние ако се откажаеме од Гоце Делчев ние се откажуваме од нашиот национален суверенитет, од она што претставува македонски бит, македонска суштина, македонска супстанца, рече Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.