За помалку од една недела започнува првата фаза од попишувањето на населението, најави министерот за правда Бојан Маричиќ, откако утрово бил информиран од Државниот завод за статистика дека подготовките за пописот одат во најдобар ред.

Од Државниот завод за статистика утрово не информираа дека подготовките за пописот одат во најдобар ред. За помалку од една недела започнува првата фаза од попишувањето на населението. Тоа што е многу важно е дека „Евростат“ и директно потврди дека Законот за попис и методологијата се во согласност со ЕУ законодавството, односно највисоките стандарди за спроведување на ваква статистичка операција, напиша на Фејсбук министерот Маричиќ.

Тој смета дека по ова треба да престанат сите деструктивни обиди за саботирање на пописот.

Потребно е да се обединиме и конечно да почнеме заеднички да работиме за доброто на државата. Апелирам сите чинители својата политичка енергија да ја трошат во развојот и просперитетот на земјата. Тоа им го должиме на граѓаните, напиша Маричуќ на ФБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.