Бојан Маричиќ од СДСМ во вечерашната дебата на „360 степени“ рече дека резултатите во првиот изборен круг од локалните избори не се според нивните очекувања, но смета дека ништо не е изгубено, бидејќи во втиор круг очекуваа тпобеда во општините во кои водат, но и пресврт во оние општини каде нивните кандидати не се во водство.

„Ние имаме водство во повеќе општини, во 25 општини во вториот круг и имаме веќе девет освоени градоначалници. Но, веруваме дека од работата на терен овие денови и расположението се менува и дека пораката е прифатена од граѓаните. Работиме на максимална мобилизација на нашето членство и симпатизерите, но и на сите слободоумни граѓани. На сите им е сега јасно дека во вториот круг е важно да излезе и да даде поддршка на прогресивната сила, на коалицијата која се обединува со цел да не застанеме тука, туку да продолжиме напред“, вели Маричиќ.

Тој кажа дека во секојдневните активности на терен со граѓаните се разговара за нивните грешки, но и за она што може да се понуди и да се реализира во наредниот период. Маричиќ смета дека победата на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во 22 општини е максимум што оваа партија и нивната коалиција може да го направи на овие локални избори и затоа е убеден дека во вториот круг СДСМ ќе ги освои останатите општини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.