Владата на СДСМ може да дели лекции за одговорност во секој поглед, одговорноста е непостоечка категорија за ВМРО-ДПМНЕ инаку по три порази во изминатите неколку години до сега ќе понесевте одговорност, истакна техничкиот преговарач со ЕУ и претседател на комисијата за европски прашања на СДСМ, Бојан Маричиќ во „Топ Тема“ на Телма ТВ.

Тој додава дека од многу адреси во Брисел им било кажано дека за жал Европската народна партија е многу поодговорна во своето однесување отколку нејзината сестринска партија во Р. Северна Македонија.

Европската народна партија заедно со партијата на европските социјалисти лобираа за нашата земја, а тоа значи дека сите го препознаваат успехот на нашата земја, посочи Маричиќ.

Појасни дека Ангела Меркел не дошла да даде поддршка минатиот септември затоа што тука немало никаков успех и реформи.

Сите се свесни за огромната промена од тоа каде почнавме, која руинирана и заробена држава ја оставивте нашата земја и каде сме денес кога дојдовме да тропаме на вратата за влез во Европската унија, нагласи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.