Советникот за евроатлански интеграции во кабинетот на Зоран Заев, Бојан Маричиќ во гостување на телевизијата Телма истакна дека е успех за две години од, како што кажа, заробена држава да се вратиме на маса каде што се носи одлука за преговори со ЕУ.

Треба малку да погледнеме од кај сме тргнале и до каде сме стигнале. Во 2017-та имавме ситуација на комплетна безизлезност во европските интеграции, имавме две години по ред замрзната препорака за почеток на преговори и одредница за заробена држава. Тоа е почетна точка од 2017 на оваа Влада. Скокот од заробена држава, две години подоцна да се вратиме на масата на најкрупните одлучувачи да носат одлука за преговори, ќе признаеме дека е успех и дека е придвижување напред. Со сите проблеми и со сите прашања ние добивме крајно позитивен извештај што е најпозитивен досега, затоа што имавме тешки реформи во државата имаме големи придвижувања по одредени прашања, имаме „трек“ рекорд на судски случаи и случаи на антикорупциска комисија што претходно со години било невозможно. Ние имавме десет години на застој и две години на интезивни реформи. Ние да сме биле во ситуација да почнеме со Србија и Црна Гора, можеби денес ќе сме биле многу понапред – истакна Маричиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.