Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за „Еуроњус“ оценува дека \Македонија и Албанија се повеќе од подготвени за почеток на преговорите за членство во Европската унија.

Маричиќ во интервјуто, дадено за време на неговата дводневна посета на Тирана, истакнува дека двете земји работат заедно за да ја зајакнат соработката во подготвувањето на администрациите за процесот на преговори да тече побрзо.

– Се согласивме да ги ажирираме нашите билатерални договори, особено за екстрадицијата и ги споделивме нашите искуства во врска со реформите во судството, процесот на проверка што тече во Албанија и процесот на филтрирање. Размислуваме како да се зајакне соработката меѓу нашите академии и како да се зајакне регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан, вели Маричиќ.

Додава дека за разлика од Албанија, каде е спроведен ветинг во судството, кај нас, според утврдена методологија, Судскиот совет прави проверка на работата на судиите и досега се разрешени 13 судии бидејќи самото судско тело донело одлука дека тие постапувале нестручно или несовесно.

На прашањето за застапеноста на албанската заедница во судството, Маричиќ посочува дека многу клучни позиции во судството се раководени од Албанци и дека клучно за нивниот избор се стручноста и искуството.

– Можам да кажам дека има многу силни позиции во судскиот систем што им се доверени на припадниците на албанската заедница. На пример, директорот на Здружението на судии е Албанец, претседател на Врховниот суд, највискиот суд во нашата земја, е Албанка. Повеќе членови во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители исто така. Затоа мислам дека албанската заедница е многу добро застапена во судството и во правниот систем воопшто, вели министерот Маричиќ во интервјуто

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.