Министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека методологијата за филтрација на судството и обвинителството е при крај и дека очекува Судскиот совет до крајот на оваа недела истата да ја разгледа и усвои.

Она што можам сега да го кажам, а што е врзано со оваа методологија е дека мал дел од критериумите за филтрирање би биле утврдување дали има неоправдано одложување на рочишта од страна на судиите, непочитување или пречекорување на законските рочишта, застарување на гонење или извршување на санкциите во кривичните предмети, неправилна одлука или приговор  за застареност од странките, потенцираше Маричиќ.

На 28 декември методологијата ќе се најде на седница на Советот за реформи во правосудството, а  врз основа на тоа по нејзиното донесување и крајно утврдување ќе биде и објавена за јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.