Mинистерот за правда, Бојан Маричиќ, во гостување на ТВ 24 рече дека веќе три години во земјава нема пресуди по телефон, на сметка на зголеманата борба за поголема ефикасност и независност на судството и воопшто не станува збор за базичното право на судиите да донесат одлука.

Нема да има пресуди во четири очи, ниту на телефон. Очекуваме судиите да одлучуваат по своја волја и по закон без мешање на извршната власт и со задржување на поделбата на власта. Довербата во судството заначи доверба и во системот затоа што кога немаат граѓаните доверба во судството немаат ни во системот. Имаме предуслови довербата да ја качиме еден степен погоре, рече Маричиќ.

За проветрувањето на судството нагласи дека ќе треба да се направи методологија заедно со и под иницијатива на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители.

Имаме извештаи на Прибе и на Стејт депратментот во кои многу јасно се прецизирани структурите во судството и поединечни луѓе. Дел од тие веќе не се во дел од судството, поголемиот дел се, но покажавме дека судството има сила кога сака да реагира на тие случаи. Ако си ја завршат работата луѓето во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители и дадат резултати ќе се смени атмосферата и прецепцијата за судството, истакна Маричиќ.

Не е поентата, додаде, да има ваши и наши судии, туку судии кои се професионалци и работат по закон и испорачуваат ефикасна правда и судии и јавни обвинители кои биле под одредено влијание дали од политичка партија или бизнис или личен интерес.

Борбата е како да се стави точка на правосудниот систем во кој доминира влијанието. Добри чекори се направени, меѓутоа има уште многу да се направи. Опозицијата ќе има подадена рака од нас цело време за да помогне во тој процес, потенцира Маричиќ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.