Не можам да го коментирам случајот, се уште сме во првата фаза и затоа е рано, течат рокови, правиме анализи и пред да истече рокот ќе излеземе со став. Ова е комплексен случај, има многу аспекти, ни треба сеопфатна анализа, но очекувам да имаме соодветен одговор од наша страна. Владата има рок да се изјасни дали ќе се оди на некаква спогодба и ќе повторам дека се уште немаме став, за нас е важно да се почитува принципот на владеење на правото. Можам само да гарантирам дека ќе ги почитуваме роковите и ќе дадеме свое видување – коментираше министерот за правда, Бојан Маричиќ, во „Анализа“ на ТВ 24 одговарајќи на прашањето во врска со тужбите поднесени во Стразбур, а кои се однесуваат на спорната аболиција потпишана од Ѓорѓе Иванов за многу поранешни функционери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.