Министерот за правда, Бојан Маричиќ денеска учествуваше на сесија на Венецијанска комисија, каде го претстави предлог-законот за вонредна состојба, кој на оценување пред ова тело на Советот на Европа.

Како што објави на министерот Маричиќ на својот фејсбук-профил, мислењата на Венецијанската комисија за овој и за другите закони се особено важни, со цел подобрување на истите и исполнување на европските стандарди во таа област.

Со Предлог-законот за вонредна состојба за прв пат се регулира начинот на прогласување на истата и детално се уредува начинот на прогласување на вонредната состојба, улогата на Собранието, времетраењето и правното дејство на уредбите, како и карактерот на уредбите, односно се допрецизира – што треба, а што не треба да биде предмет на владините уредби, наведува министерот Маричиќ во објавата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.