Вистината е како шило, па така кога тогаш се ќе излезе на виделина, може да демантира Зоран Заев, може да демантира Вилма Русковска, но фактите се јасни, екс премиерот го предупредил Бојан Јовановски дека Орце Камчев го пријавил случајот кај него. Токму ова скандалозно признание денеска го имаше сегашниот посебен советник за евроатлански интеграции во кабинетот на Зоран Заев, Бојан Маричиќ, пишува „Инфомакс“.

Маричиќ призна дека неговиот шеф прво нешто кое што го направил откако Камчев го пријавил рекетот е да му каже на Јовановски дека нивната операција е откриена. Да не заборавиме дека Бојан Јовановски беше уапсен на граничниот премин со Грција каде наводно се упатил за да избега од правдата во Македонија.

– Во однос на улогата на Зоран Заев, јасно излегоа две пораки каде што и на Орце Камчев и на Боки 13 јасно им кажува дека ќе одговараат и дека нема намера ништо да оправдува, ниту да учествува во тоа и да си ја докажат својата невиност пред суд, вели тој.

– Супер е сето тоа што го кажавте прво разговара со нив, после и се јавува на „Русковска“ да го пријави случајот, запраша Андоновски.

– Точно така, вели Маричиќ.

Претходноп „Инфомакс“ објави дека од исказот на Камчев јасно се гледа улогота на Зоран Заев во целиот случај, во кој се вели дека премиерот наместо да ги изведе пред лицето на правдата, ги предупредил Кичеец и Боки Тредичи дека тој гј пријавил „Рекетот“.

На прашање дали после средбата со премиерот Заев, имал контакт со Бојан Јовановски или со Катица Јанева, подносителот одговори „не, но имав комуникација со Зоран Милевски кој што имаше добиено информации дека сум го пријавил случајот, мислам дека од премиерот, стои во записникот на обвинителството за организиран криминал од исказот на Јордан Камчев“.

Она што го тврди Камчев во својот исказ го потврдува и Кичеец во неговиот исказ каде вели дека добил повик од Боки 13 доцна навечер и оти тој разбрал дека Камчев го пријавил случајот во Влада.

Се сеќавам беше 11.00 часот навечер кога ми се јави Бојан, почна да вика по мене дека јас и Јордан Камчев сме го наместиле, разбрал дека Јордан Камчев дошол да го пријави случајот во Влада, викаше дека тој нема ништо со парите, дека тој не земал ниту денар, викаше дека најпрво Јордан го форсирал да помогне, а после го пријавил, вели Зоран Милевски Кичевскиот на последната страница од исказот даден пред обвинителството.

Извор: Инфомакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.