Во вечерашното гостување на ТВ 24, министерот за правда Бојан Маричиќ изјави дека останува на ставот дека треба да се најде решение судството да функционира онлајн.

Министерот се согласи дека е потребна интервенција во процесните закони и дека во консултација со фелата може да се регулира тоа прашање, но потенцираше дека Собранието е тоа кое може да поддржи промена на двотретински закони.

Според Маричиќ, во моментот состојбата се уште не е драматична, но постои тенденција таа да се влоши и токму затоа смета дека е потребно решение за ефикасно продолжување на постапките во судовите.

Ако цел образовен систем функционира онлајн, ако Владата функционира онлајн и носи така одлуки, не гледам причина зошто не би било тоа така и во судството – посочи Маричиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.