Министерстерот за информатичко општество и администрација на Дамјан Манчевски, кој е во изолација, целосно не се согласува со поднесените прекршочни пријави од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги против телевизиите Телма и Алсат-М, заради пренесена изјава на министерот за здравство Венко Филипче, за време на изборниот молк.

Двете телевизии на никаков начин го немаат прекршено Изборниот законик, со оглед на тоа што министерот Филипче изјавата ја дал во својство на министер и во врска со здравствената криза предизвикана од вирусот Covid-19. Дополнително, министерот Филипче не беше на ниедна од кандидатските листи за Предвремените парламентарни избори 2020 година. Во време на светска пандемија и редовно дневно информирање од страна на Министерството за здравство во врска со вирусот, за нас е несфатливо како регулаторот може да ја смета оваа изјава како прекршување на изборниот молк. Ова е само последен од многуте примери за политизација на АВМУ. Но, ова е веќе и тенденција за цензурирање на медиумите, нарушување на правото на граѓаните да добијат информации во однос на кризата, како и директно мешање на АВМУ во изборниот процес. Сега, откако конечно државата ќе добие повторно функционално Собрание, од најголема важност е да продолжат процесите за реформи во АВМУ и МРТВ, кои во претходниот состав беа блокирани од политички мотиви, стои во фејсбук објавата на министерот Манчевски.

Министерството за информатичко општество и администрација, како надлежно министерство за медиумите, целосно не се…

Gepostet von Damjan Manchevski am Donnerstag, 16. Juli 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.