Никој да не помисли да врши притисок од политички аспект врз вработените во јавниот сектор во периодот што следи поради изборите, а доколку тоа се случи, да се пријави веднаш, порачува министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во интервју за МИА.

Тој најавува соработка со заменикот што ќе биде во неговиот ресор од редовите на опозицијата од 3 јануари во техничката влада поради предвремените парламентарни избори закажани за 12 април следната година.

Од наша страна ќе имаат апсолутно отворена врата, пристап до сите информации и документи што им требаат во согласност со законот, така како што е, немаме што да криеме, отворено и транспарентно како што сме кон граѓаните, наведува Манчевски во интервјуто што МИА ќе го објави утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.