Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, во емисијата „Кликплус“ на ТВ21 истакна дека намалувањето на платите е мерка за да се спаси економијата.

Намалувањето на платите е една превентивина мерка, за подоцна да можеме побрзо да се вратиме во форма и да ја спасиме економијата, бидејќи без приватниот бизнис нема плата за администрацијата, но и обратно, истакна Манчевски, додавајќи дека навистина ќе требаат сериозни напори за воопшто да се подели таа плата. Со мерките правиме напори, но состојбата е непревидлива и ги немаме сите информации – рече Манчевски, нагласувајќи дека би бил многу среќен доколку кризата заврши за 2-3 месеци, но исто така посочи дека има и други сценарија, да трае многу подолго. Во секој случај во оваа приказна сме сите заедно,  соочени со сериозна криза, можеби најголема во историјата, и треба да си помагаме и да не ги ставаме личните пред заедничките интереси – истакна Манчевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.