Министерството за информатичко општество и администрација, согласно законската обврска го објавуваа Извештајот за вработени во јавниот сектор за 2019-та година.
Бројот на вработени во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2019-та година во изнесува 132.900.Вработените се распределени во 1.324 институции, соопшти министерот Дамјан Манчески.

Од вкупниот број, 20.169 лица се вработени во МВР, Армијата, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција. Поради безбедносни причини, освен како бројка, во овој извештај нема други детални анализи за овие вработени. Во извештајот има деталната анализа за останатите 112.731 вработени во јавниот сектор-објасни министерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.