асмина Зисовска, една од најгласните активисти, инаку советник за меѓународна соработка од НУ Музеј Куманово, која алармираше за исклучително лошата состојба за манастирот во Матејче, е задоволна што надлежните институции прават напори манастирот да се прогласи за културно наследство во опасност.
Таа вели дека годинава, за разлика од претходните дваесетина и граѓаните и институциите овој пат, експресно реагирале на објавите за лошата состојба на манастирот.

– Манастирот е заштитен споменик на култура, но со деструкциите кои се случија од 2001 година, па сè до ден денешен, секоја година е во сè полоша состојба. Годинава беа изгорени и конаците. Новата министерка рече дека заштита на културното наследство ќе биде меѓу нејзините главни заложби  и овој момент се погоди состојбата со манастирот Матејче, вели Зисовска.

Таа пред празникот Мала Богородица кога поголем број кумановци верници го посетуваат манастирот, алармираше за исклучително лошата состојба споделувајќи фотографии и укажувајќи на оштетувањата на кровната конструкција, на дел од фасадата, демолираните врати, на остатоците од воден талог, колониите инсекти, остатоци од угинати животни, искршени стакла, руиниран ентериер кој е препуштен на атмосферски влијанија ја разбранува кумановската, но и стручната јавност.

Таа се надева дека процедурата ќе оди брзо, дека навреме Националниот конзерваторски центар ќе разработи проект, управата за заштита да подготви решение за таков статус, што подразбира брза реакција за конзервација на објектот.

– Радува реакцијата на граѓаните, првин се прошири патот до манастирот, но важно е да врати водата и струјата. Слушам од групата со која одиме дека поведуваат иницијатива да се отвори жиро-сметка на која граѓаните кои пројавија желба би донирале за таква работа, ние не би се мешале во заштитата на манастирот, туку во обезбедување на овие енергенси. Сите се сеќаваме какво беше одморалиштето и уште една работа е што имател на објектот е Македонската православна црква којашто за жал, сè уште не се произнесе. Би било добро да имаме благослов од нив како би можеле со граѓанска иницијатива и покрај институциите  тоа   да се поведе. Тука се медиумите и не треба само еднаш да се споменува манастирот туку да го држиме прашањето отворено, да бидеме оперативни, вели Зисовска.

Министерката за култура Ирена Стефоска, неодамна на прес-конференција рече дека е во интензивна комуникација со надлежните институции за манастирот во Матејче наскоро да биде прогласен за културно наследство во опасност.

Храмот посветен на Богородица, лоциран над селото Матејче, е еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност на македонска почва. Сместен е на планинскиот масив на Скопска Црна Гора, манастирот ги отсликува врвовите на средновековната ликовна продукција на македонската територија. Манастирската црква е изградена во XIV век од страна на цар Душан, а по неговата смрт, неговата сопруга Елена и неговиот син Урош ја доградиле и живописале

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.