Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро го осудува антисемитскиот говор на омраза од колумнистот на „Слободен печат“ Бранко Тричковски.

Не е првпат лицето Бранко Тричковски да шири говор на омраза, овој пат антисемитски. Тој постојано повикува на убиства, ликвидации, се заканува со насилство, и кон колеги новинари, и кон преставници на институции. Јавниот обвинител Љубомир Јовевски не виде причина за кривична одговорност на ова лице во изминатите години. Ги повикуваме останатите обвинители да не ги затвораат очите пред неговото јавно ширење на говор на омраза, повиците за насилство и убиства. Го повикуваме МВР по службена должност да преземе активности за санкционирање на лицето Бранко Тричковски. Истовремено, бараме од менаџментот на „Слободен печат“ јавно да се оградат од ставовите на лицето Бранко Тричковски и да ја прекинат соработката со него. Во спротивно, тие стануваат соучесници во истото, се вели во соопштението од МАН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.