Македонската асоцијација на новинари (МАН) го осудува вербалниот напад на премиерот
Зоран Заев врз новинар на Инфомакс за време на изјавите по извршниот одбор на СДСМ
вчеравечер.
Премиерот тврди дека е транспарентен, а обвинува новинари за нарачани прашања. Нема
незгодни прашања, има прашања на кои секој избран или именуван функционер е должен
да одговори во интерес на граѓаните. Политички притисок и закана е обвинувањето за
новинар дека поставил нарачано прашање и дека правел конструкции, велат од МАН.

Според нив прашањето на новинарот на Инфомакс.мк не отстапува од било кое правило содржано во етичкиот кодекс на ИАБ, а беше во врска со можна “метла” за Кочо Анѓушев и нивото на реинвестиции од вкупната бројка на странските инвестиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.