Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро ги осудува заканите по безбедноста на новинарите, загрозување на безбедноста на нивните семејства, како и политичкиот притисок кој се засилува од ден во ден.

Последниот пример со заканите по безбедноста на новинарот и уредник Љупчо Златев, како и на неговото семејство само покажува дека слободата на медиумите сериозно е загрозена, наспроти паушалните оценки на владата дека нема политички притисок.

Ја повикуваме партијата на власт да си ги заузда партиските ботови и да престанат со јавните хајки, заканите кон новинарите и нивните семејства.

Го повикуваме Министерството за внатрешни работи најитно да го расветли овој случај до крај, без разлика кој и да е заканувачот.

Ги повикуваме сите новинари кои се цел на закани и политички притисок да ни се обратат, истите да ги пријават, а правниот тим на МАН им стои на располагање да им помогне.

Лицемерие е што министрите Поповски и Димитров заминале во Лондон и потпишале Глобалната заложба за слобода на медиумите. Македонија е црна точка на мапата по слобода на медиумите во ЕУ.

За овие, како и за претходните закани, известени се ЕФЈ и ИФЈ, како и странските амбасади во земјава – велат од МАН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.