„Мамицата да ти ја е..м! Ма иди во п…у матер. Која дивоградба п…..“, му рекол советникот на ДУИ Нефи Усеини на новинарот на А1он.мк кој сакал да го праша за продолжувањето со градежните активности на еден објект во заштитената зона на Охрид и покрај решението за уривање.

Летната тераса на објект на плоштадот Чинар почна да се гради на 9 март. На 25 март беше донесено решение за уривање, со рок од 10 дена инвеститорот тоа сам да си го направи. Но инвеститорот, Нефи Усеини, советник на ДУИ во општина Охрид, по завршувањето на изборите за градоначалник, продолжи со завршните работи на летната тераса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.