За лицата под 18 години не се потребни сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19, ниту негативен ПЦР или брз тест, одговараат од Влада на прашањето од која возраст ќе важи мерката „За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата после 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД – 19, ќе се одреди мерка карантин од 7 (седум) дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“.

Владата на последната седница донесе одлука со која се забранува влез на територијата на домашни и странски државјани, почнувајќи од 1 септември 2021 година, доколку претходно на граничниот премин не приложат еден од следниве документи:

– сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19;

– сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;

– медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез во земјата; или

– негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез во земјата

Сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18-годишна возраст, велат од Влада за „Република“.

Туристичките работници вчера реагираа што брзите тестови не влегуваат во оваа мерка, а со тоа се удира директно врз граѓаните кои уплатиле за одмор во септември или ги користат ваучерите од 2019 година, а дека голема загуба ќе имаат и самите туристички агенции, кои сè уште не ја примиле ветената помош.

Иако во соопштението за новите мерки на Владата синоќа не се вклучени овој вид на тестови како префатлици, владината прес-служба денеска во одговорите посочи дека и тие се прифатлив документ за влез на сите странски или домашни државјани над 18 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.