Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор  од значење за Републиката до нашата редакција упати демант со кој ги отфрла како невистинити објавените податоци во текстот под наслов „Малиот Фрчкоски издава државен имот бесплатно како да е од татко му“. Текстот од демантот го објавуваме во целост.

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор  од значење за Републиката Акционерското друштво ги отфрла како невистинити, а пред се како тенденциозни насловот и наводите  во текстот „Афера Орфеj: Синот на Фрчкоски сторил кривично дело- оштетен е буџетот.

АДИССДП посочува дека помошник директорот на правниот сектор  не го стопирал извршното барање кон правниот субјект, ниту пак можел, па оттука не може да  стане збор за оштетување на буџетот на Друштвото. Во ситуацијата не станува збор за укинување  на извршното барање, туку напротив- извршното побарување за вкупниот долг  останува во целост . Дополнително се дополнува со нови побарувања за периодот во кој субјектот одбива да склучи нов договор и спогодба  кој е услов за повлекување на извршната клаузула согласно донесената одлука на Одборот на директори. Во подолг временски период правен е обид од стручните служби  да се воспостави  контакт со правниот субјект да ја  потпише спогодбата  и новиот договор со нова повисока проценка , но тој контакт се уште се избегнува и покрај големиот број известувања( видно од писмена коресподенција) . На субјектот му е даден рок  доброволно  да да го испразни просторот од лица и ствари, бидејќи во спротивно ќе биде исселен од страна на извршителот.

Оттука, не може да стане збор за какво било оштетување на буџетот на АДСДП, или пак за евентуална тенденција во таа насока. Во овој момент  сите побарувања кон овој субјект  се предадени на  извршување . За појаснување потребно е да се посочи дека сметката на истиот субјект е блокирана од страна на извршителот за што сме известени од страна на истиот.

Сметаме дека ваквите текстови со кои отворено негативно се етикетираат одредени личности и се извитиперуваат фактите со селетиран приказ на документите, без  притоа да се побара одговор од нашите стручни служби имаат единствена цел да се предизвика штета на честа, угледот и интегритетот како на помошник директорот, така и на целото друштво. Во иднина АДСДП  на ваквите написи ќе одговори со соодветни правни механизми .

Во интерес на јавноста и на вистината, Ве повикуваме да дојдете во нашите простории каде ќе одговориме на сите прашања и ќе  ви овозможиме увид во целосната документација во однос на предметот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.