Независниот кандидат за градоначалник и актуелен градонаочалник на општина Куманово, Максим Димитриевски, во гостување во дебатната емисија на ТВ 24 потенцираше дека Куманово е единствениот град којшто има и развива гасификација.

Димитриевски истакна дека гасификацијата е присутна во домаќинствата и во голем дел од јавните објекти во општината.

Во изминатите четири години испорачани се над 2.100.000 метри кубни гас до потрошувачите. Изградена е 4.500 метри гасоводна мрежа, доведен е гас во близина на повеќе клучни јавни институции и установи. Исто така, вложено е и во енергетска ефикасност на училиштата.

 

Во идниот мандат, предвидено е ширење на гасификациона мрежа и гасифицирање со фокус на сите јавни објекти на територија на Општина Куманово и индустриски капацитети во село Добрашане, населба Карпош, индустриска зона Новини и Речица, како и гасификација на домаќинствата на локации, каде што веќе имаме постоечка гасоводна мрежа – истакна Димитриевски.

Тој додаде дека е предвидено намалување на цената за приклучок на гасоводна мрежа, како и гасификација и вложување во енергетска ефикасност на општинските училишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.