Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим
Димитриевски, во денешното гостување во емисијата „Став“ на локалната ТВ
Плус потенцираше дека граѓаните се најголемиот добитник на овие локални
избори.

„Кој е најголем губитник го покажува изборниот резултат. Јас знам дека граѓаните во Куманово се најголемиот добитник на овие избори, бидејќи самите со нивното излегување на овие избори и давање на поддршка на нашата опција покажаа дека граѓанинот е пред политиката и во иднина, било кој политички субјект или било кој претендент за јавна или
политичка одговорна функција првенствено ќе мора да стави акцент на граѓаните, а не на политиката. Партиите се направени од граѓаните за да бидат во функција на граѓаните“, рече Димитриевски и додаде дека токму граѓаните на овие избори покажаа дека се разочарани од погрешните политики кои имплементираат од страна на поединци кои добиваат можност да практикуваат власт.

Тој истакна дека неговото политичко убедување е социјалдемократско, како
што многупати досега имал кажано, секогаш на маса ги става државните,
националните и граѓанските интереси пред политичко партиските, затоа што
се многу поважни за граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.