Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Минхен изјави дека ако резултатите од Извештајот на Европската комисија во март за Македонија и Албанија се позитивни тој би поддржал отворање на преговори со нив за да станат членки на Унијата, објави Ројтерс.

Го чекаме извештајот во март … во зависност од тоа дали резултатите се позитивни и дали има доверба тогаш би биле во позиција да одобриме почеток на преговори, изјави Макрон на 56. Минхенска безбедносна конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.