По неколкучасовната средба меѓу Емануел Макрон и Ангела Меркел предмалку на зедничката прес-конференција францускиот претседател порача дека Франција нема да даде зелено светло за давање на датум за почеток на преговорите со ЕУ за Македонија и Aлбанија.

Францускиот претседател, во мал дел од своето обраќање, се задржа и на ставот на Франција кон проширувањето на Европската унија, особено коментирајќи ја положбата на Албанија и Северна Македониjа.

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека на ЕУ ѝ е потребно повеќе време за да ги среди состојбите дома пред да донесе каква било одлука за интеграција на нови земји членки.

Што се однесува до проширување, Европа е голема и убава куќа во која живееме заедно. Пред неколку години, еден член на семејството одлучи да замине. Тој се мачи да ја напушти куќата. Понекогаш имаме тешкотии да ја реновираме куќата, да го поправиме светлото, струјата.Кога ги прашуваме нашите членови дали се подготвени да инвестираат во поправка на светлото или на вратата, голем број велат дека не сакаат да инвестираат во таа куќа, не повеќе од 1%. Понекогаш истите покрај тоа што не знаат како да ја напуштат или да ја реновираат таа куќа, велат дека ќе поканат нови другари и другарки, рече Макрон.

Тој укажува дека од Германија научил дека здравиот разум и дисциплината, односно правањето на работите по правилен реедослед е гарант за ефикасност.

Сметам дека не ги правиме работите по правилен ред. Таков е случајот денес со Турција. Сите заборавиле дека преговорите со Турција започнаа одамна. Дали некој денес мисли дека Турција може да влезе во Европа? Дека може да отвори ново поглавје? Процесот не е повратен. Тој може да биде целосно сопрен, но не е повратен. Мораме да ја модернизираме оваа процедура.Треба да се завршат некои елементи со овие земји. Мислам на прашањето со мигрантите. Мислам исто така на неколкуте услови кои ги бара Комисијата, додаде тој.

Тој посочи дека ја дели геополитичката визија на овој стратешки карактер со канцеларката Меркел.

Желба ми е да испратам позитивен сигнал на овие лидери, но поради сериозноста на ситуацијата и по сите наши дискусии, морам да кажам дека овој пат ние сме тие кои бараме малку повеќе време да ги направиме работите по правилен ред, заклучи францускиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.