Македонското Собрание направи решителен избор за Европа. Франција ќе застане покрај Македонија за време на првата меѓувладина конференција, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на „Твитер“.

Со суверено гласање денес за предлогот што го даде Франција пред крајот од нејзиното претседавање со Советот на Европската Унија, македонското Собрание повторно направи решителен избор за Европа. Франција ќе застане покрај Македонија за време на првата меѓувладина конференција која ќе отвори историска етапа во нејзиниот процес на пристапување кон Унијата, пишува во објавата на Макрон.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.