Заменик минитерот за животна средина, Јани Макрадули истакна дека бројките покажуваат намалување на загадување и најмал број загадени денови, на што реагираат пратениците од опозицијата со забелешка дека не може да им верува или не на бројките од инструментите кои го мерат загадувањето во зависност од тоа дали им одговара или не.

-Во Република Северна Македонија е загадено, но има драстичен пад на намалувањето на загадувањето. Овој план кој  првпат се справува со извори на загадување и тоа е клучно, да има што помалку извори кои емитираат ПМ честички во воздухот. Тој план кој првпат се бори со изворите не е само еколошки, туку носи и економски бенефит, рече Макрадули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.