Вечерашниот протест е со цел да ги потсетиме граѓаните на сите „достигнувања“ т.е. лаги и измами со кои власта ја замајува јавноста на темата здрава животна средина во изминатите четири години владеење, рече Иванчо Тошевски од вечерашниот протест против загадувањето во Битола, предводен од ВМРО-ДпМНЕ.

Проект Прочистителна станица – обезбедени 28 мил. евра од претходната власт на ВМРО ДПМНЕ со рок на реализација до 01.01.2020 год. денес благодарение на Петровска добивме поништени постапки за ЈН и истечени дозволи за градба.

 

Проект Топлификација – обезбедени 46мил. евра од претходната власт на ВМРО ДПМНЕ и според првичниот план истиот со пробна работа требаше да стартува оваа грејна сезона. Благодарение на оваа власт предводена од СДСМ во изминатите четири години се уште не е склучен договор со изведувач.

 

Проект Модернизација на електростатски филтри во РЕК Битола – само еден куп лаги и измами во текот на изминатите предизборни кампањи од кои би издвоил една на Радмила Шеќеринска кажана на 13.07.2019 год. – „Здравјето нема цена и затоа рековме дека таму каде што државата е сопственик нема оправдување. Оваа година, РЕК покажа дека зборот важи…“. Денес при крајот на 2020 год скоро четири години после превземањето на власта, СДСМ и понатаму лаже.

 

Проект Гасификација – 70.000 евра потрошени за ефтин политички маркетинг од џебот на граѓаните.

Тошевски додава дека сите овие претходни лаги СДСМ мислеше дека успешно ќе ги прикрие со Проектот 2.500 климаинвертери за Битола, кој го најавија уште во 08.2019 година, а повеќе од сигурно дека и оваа четврта по ред грејна сезона откако СДСМ е на власт ќе помине без ниту една реализирана мерка на темата здрава животна средина.

Јани Макрадули – битолчанецот по потреба на 11.09.2019 година најави дека клима–инвертери најпрво ќе има за социјално ранливите категории на граѓани, а денес во Битола гледаме сосема поинаква слика. Токму затоа вечерашниот протест оди под наслов Битола -Инвертирана гасна комора, потенцираше тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.