Македонско-германски форум насловен „30 години независност на Македонија – Улогата на Собранието во демократијата” ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за општествени истражувања – МК91.

Како што најави Фондацијата Конрад Аденауер, гости и говорници на форумот ќе бидат проф. д-р Норберт Ламерт, претседател на Фондација Конрад Аденауер и поранешен претседател на Германскиот Бундестаг (со обраќање преку видео-конференциска врска) и Горан Мисовски, потпретседател на Собранието на Република Македонија.

На панел дискусијата на тема „30 години независност – улогата на Собранието во демократијата“ покрај пратениците од Собранието, учество ќе земе и Марион Валсман, пратеничка во Европскиот парламент / потпретседателка на заедничкиот парламентарен комитет на делегацијата на ЕУ во Македонија.

Во рамки на петтиот македонско-германски форум ќе биде промовирана и анализата „30 години независност“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.