Зоран Заев пред околу еден месец јавно во медиумите призна дека се јавувал по телефон кај Блерим Беџети од ДУИ со цел да му помогне да биде разрешен од функцијата претседателот на врховниот суд Јово Вангеловски.

Пред некој ден Јово Вангеловски е разрешен.
Премиерот го разреши претседателот на Врховниот суд.

Провладините медиуми со восхит ја дочекаа веста. Водителот на емисијата Топ тема истата вечер се издиша: „Конечно разрешен е претседателот на Врховниот суд“.

Пратеникот и под претседател на СДСМ – Мухамед Зекири нескриено прославуваше преку социјалните мрежи, бидејќи тие што тој сака о смета дека треба, сега сигурно ќе лежеле затвор.

Засега нема реакција на Брисел, Вашингтон, Берлин, Парис, Лондон…

Нема ниту од НВО главно финасирани од надворешни извори на средства, од други држави.

Со ова разрешување на претседателот на Врховниот суд, власта го отстрани последниот претседател на некој од поважните судови во Македонија.

Претходно тоа го стори со Апелацискиот суд во Скопје, Основните судови 1 и 2 во Скопје. Сега има целосна контрола во судството.

Под владина контрола е ставен и Судскиот совет кој бира и разрешува судии. Не контактира директно многу често ни со претседателот на Кривичниот суд Скопје 1. Пораките за пресудите кои му се значајни, периодот кога да се донесат и дали или не да има притвор, а тие случаи се главно поврзани со политиката, со опозицијата и со бизнисот за кој Заев е многу заинтересиран ги испраќа преку посредници.

Останатите случаи нека си решаваат судиите.

Премиерот Заев сега и официјално е главниот судија и претседател на сите судови во државата, како и управител на Судскиот совет.

И досега судиите се плашеа да донесат одлука која е спротивна на барањата или очекувањата на власта. После ова разрешување, се испраќа уште едно предупредување и потсетување до судиите некому да не му падне на памет да пресуди како што смета дека треба по закон во некои случаи за кои власта е заинтересирана.

Немаше такви храбри судија ни досега, ама отсега се знае теркот: разрешување заради нестручност.

А кој одлучува дали е нестручен?
Формално – судскиот совет.
Неформално Заев.

Во практиката тоа изгледа вака.

Кацарска е стручна зашто луѓе гнијат во затворите за „27 април“ за непостоечки дело тероризам, за пресудената казна затвор за обвинетоте во „Тенк“, Ѓоко Поповски и Никола Груевски, кој влијаел да се купи блиндирано возило за и тој понекогаш да се превезув во него.

Огнен Ставрев, судијата чија сопруга вработена во Град Скопје, за да добие унапредување, во Апелација го чекаат да ги осуди Никола Груевски, Миле Јанакиевски, Тони Трајковски и уште 4-5 други лица и веднаш да биде прогласен за стручен и унапреден. Тоа што претходно имало над 30 судски одлуки во правец дека Цановски имал класична дивоградба, тоа паѓа во вода

Независно дали има или нема докази, сите што се изнесени пред суд а кои Заев ќе сака да бидат осудени, ќе бидат осудени и ќе одат во затвор. И сите кои тој сака да не одат, нема да одат, колку и да погрешиле. Ова е вака веќе две години и повеќе, но сега добива уште еден безбедносен слој -Врховниот суд.

Му требаше вакво нешто на Заев, по разнишаноста со аферата “Рекет”, да не почнат некои судии да се вртат, како што си знаат, кога ќе намирисаат промени на власта. Да не почнат некои судии да „паламудат” или пак да „мрчат“. Вака, зацементиран е стравот до следните парламентарни избори, плус и Врховниот суд е освоен.

Правдата во Македонија е мртва, како што е мртва и демократијата.

Постои ли сила која може ова да го смени?
Да.
ЕУ? Не. Барем не сега, на краток рок.

Народот? Да. Следната година.

Кога конкретно?
На избори.

Не постои друг начин. Ако не се смени догодина на избори, потоа уште четири години премиерот Заев ќе биде претседател на сите судови и на Судскиот совет.

Кој нема да му се допадне од судиите или претседателите на судови, премиерот ќе му се јави на Блерим Беџети и ќе побара со здружени сили да го сменат.
И јавно ќе го признае тоа, само лажно ќе ги опише мотивите за тоа.
Кој ќе му “паламуди” во политиката, ќе му спакуваат случај и ќе го прати на суд, па овој или ќе моли за прочка и ќе одработи што треба, или ќе оди во затвор.

“Најдемократски” и “најтранспарентно”!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.