Прво вети дека ќе распише предвремени парламентарни избори, па потоа рече дека не бил сфатен, со овие зборови го започна говорот на митингот во Бутел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Пред голем број бутелчани Мицкоски потсети на интервјуто на Заев за битолската телевизија Тера, од кое упати порака дека нема да распише предвремени парламетарни избори, зашто „ако му го дадеме на Мицкоски предвремени избори, ќе го згазиме“.

Пред некој ден овде во Бутел беше Стево. Па можете да спродите како си помина Стево, а каква е оваа слика во победнички Бутел. Па вие донесете заклучок дали ќе не згазите или ќе бидете згазени. Па тогаш ќе видите како македонскиот ураган ќе ја оддува вашата киша око Крагуевца, му порача Мицкоски на Заев од Бутел.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.