Пациент заразен со коронавирус, во тешка состојба, пристигнува во Македонија и се очекува да биде сместен на Клиниката за инфективни болести. Извори на клиниката коментираат дека се чуствува паника кај дел од колегите, објави Фокус.

Министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека доаѓа ваков пациент со посебен транспорт од Африка.

Се работи за војник, македонски државјанин, бил во база каде нема услови да биде лекуван. Засега нема типизација за каков сој коронавирус се работи но пациентот ќе биде сместен во изолација, рече Филипче.

Според досегашните информации африканскиот сој е еден од најразорните видови коронавируси досега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.