Бугарската Влада најави дека делумно ќе ги олесни мерките за влез во земјата за пет држави, меѓу кои и Македонија, при што македонските државјани ќе можат да влезат во Бугарија само со негативен ПЦР тест. Сепак, засега нема информација од кога би почнала примената на евентуална ваква одлука.

Приложениот негативен ПЦР тест не треба да биде постар од 72 часа, а освен граѓани од Македонија, во Бугарија на истиот начин ќе можат да влегуваат и и државјани на Србија, Молдавија, Израел и Кувајт.

Според бугарската Влада, ова било на барање на туристичкиот сектор во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.