Ветувам дека јас како менаџер на општината секоја недела еден ден во неделата своите работни активности ќе ги извршувам од Општинската зграда во Самоков, само така локалната самоуправа ќе ја направиме поблиска до граѓаните и сервис на граѓаните, вели Жарко Ристески, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Македонски Брод на вечерашниот митинг пред граѓаните.

Ристески вети и враќање на општинските линиски превози од секое населено место, субвенционирани со средства од локалниот буџет.

Исто така ветувам ќе го воспоставиме општинскиот линиски превоз од секое населено место а истиот ќе го субвенцонираме со средства од локалниот буџет, секој граѓанин да може да стигне до градот, рече тој.

Индустриската зона на Барбарос мора да стане реалност со што ќе овозможиме можност за отворање на нови вработувања, а со тоа младите ќе останат тука. Со проектот урбанизација на руралните средини ќе овозможиме развој на сточарството, но мора да го помогнеме и пчеларството и руралниот туризам. Прочистителните станици во Самоков и Македонски Брод мора да се стават во функција затоа што приматот на најеколошка општина. Но не смее и не треба да го заборавиме поречието: село Бенче, село Рамне, Вир, село Здуње и Близанско ќе добијат асфалтни патишта. Викенд населбите повеќе нема да се соочуваат со недостаток на вода а водоводни системи ќе добијат и Црешнево, Сланско Крапа, Локвица, Вир Лупште. Фекална канализација ќе добијат Брест Црешенво Девич. Во Македонски Брод ул.Васко Кранѓелески, Илинденска, Кирил и Методиј, Сава Ковачевич ќе се реконструираат додека булеварот Маршал Тито, ул. Партизанска и Илија Игески Цветан ќе добијат нови реконструирани тротоари, а со тоа ќе ја зголемиме безбедноста на граѓаните, нагласи тој.

Ристески ја побара поддршката од граѓаните и вети решавање на проблемот со кучињата скитници, како и дневен центар за децата со посебни потреби.

Детскиот фестивал Распеано Бродче повторо ќе стане реалност, а Зградата Сарај ќе ја пренамениме во она што заслужува да биде, а тоа е музеј. Македонски Брод треба да добие дневен центар за лицата со посебни потреби, ќе посветиме внимание и ќе го решиме проблемот со бездомните кучиња, вети Ристески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.