Автомобил со македонски регистарски ознаки е оштетен од учесници во протест на ученици и на студенти во Солун против Преспански договор, пренесува „Експрес“.
Откога го забележале возилото на паркинг во близина на солунското пристаниште, демонстрантите ги откорнале табличките и ги оставиле на предното ветробранско стакло, врз кое фрлиле јајца.
Грчките медиуми причините ги бараат во меѓународната ознака МК на табличките, која ги иритирала учесниците во протестот. Според договорот од Нивици, возилата на идната „Република Македонија“ ќе носат ознаки НМ или НМК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.