Македонската химна, како и досега, е дел од образовниот систем и не се точни информациите дека таа е исфрлена од образовниот ситем во основно училиште. Бирото за развој на образованието ги демантира написите дека наводно, химната нема повеќе да се изучува како еден од најважните национални симболи на македонската држава.
Со химната на Република Македонија учениците се запознаваат уште во прво одделение по наставните предмети општество и музичко образование, како и во петто одделение, каде што јасно стои во наставната програма по општество дека учениците преку интегрирани активности по музичко образование и по ликовно образование ги изработуваат симболите и ја учат химната на Република Македонија (наставна програма од 22 мај 2008 година), се вели во соопштението што Бирото за развој на образованието кое го објави на својата веб-страница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.