Австралискиот весник ,,Канбера тајмс“ во текст со наслов ,,Листа на срамот: Кои амбасади најмногу должат за погрешно паркирање“, објавува листа на амбасадите во Канбера кои направиле најмногу сообраќајни прекршоци и истовремено се најголеми должници за погрешно паркирање.

Македонската амбасада се наоѓа на 12 место од листата должници со 15 сообраќајни прекршоци за лошо паркирање оваа година и треба да плати казни во износ од 2.144 австралиски долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.