Министерството за внатрешни работи оваа година го стресе можеби еден од најголемите скандали во поновата историја, имено во истиот противправно службеници на МВР издале дури 215 пасоши, од кои 2014 на странски државјани и еден македонски државјанин кои се стекнале со лажен идентитет, со што ја злоупотребиле службената положба.

Во овие лица кои се стекнале со лажен идентитет и македонски пасош, биле и дел од мeѓународни криминални групи, барани по потерници, нарко-картели и убијци кои вршеле вакви дејствија низ Европа и светот. Некои од звучните имиња биле Валид Иса Хамаис, осуденик за трговија со дрога и бегалец од затвор, еден од соработниците на италијанската мафија, потоа Флоријан Мусај, шверцер на дрога од албанските групи Буши и Барути, Стефан Џукиќ од Црна Гора, од кланот Ковачки, Луи Волина, турски мафијаш, Јован Вукотиќ од балканскиот Шкаљарски нарко-клан, шеф на црногорски клан, како и Ѓорѓи Андонов, Џадин Адемовски и многу други барани лица. Еден од најзвучните имиња е контроверзниот турски бизнисмен Седат Пекер, кој е познат на турската јавност и Балканот како бос на турската мафија, кој своевремено кога скандалот се обзнани имаше своја изјава во која вели дека бил гостин во домот на висок функционер во земјава.

За аферата мафија наместо да паднат оставки од врвот на МВР,  првиот човек на МВР на обична прес конференција како да чита секојдневен билтен на МВР, објави дека 10 лица добиле кривични пријави, а 9 лица беа уапсени, шест од нив добија затворски казни, а еден условна, сепак никаква одговорност од врвот на МВР кој впрочем ги издава и потпишува личните документи, а ниеден од нив не влезе во никаква постапка, ниту беше истражуван од правосудните органи, ниту пак си поднесе било каква одговорност за меѓународниот скандал.

Многу случаи, скандали и афери само во изминативе неколку години, без никаква завршница, ниту пак соодветна истрага, некои за кои постојат сомневања и обвинувања дека се протегаат до врвот на власта директно до врвот на Владата.

Македонија стана земја каде најтешки меѓународно барани криминалци можат да си сменат идентитет и да си поседуваат македонско државјанство без притоа да одговара ниту еден висок функционер на власта. Македонија е земјата каде вакцините доцнат со месеци, а Владата врши сомнителни исплати за набавка на истите, Македонија е земја каде правдата не се испорачува, а вистинските виновници не одговараат, терминот „пред лицето на правдата“ и како таа изгледа е вистинското лице на власта во земјава која продолжува да ги руши рекордите по корупција и криминал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.