Статистиките покажуваат дека од земјите во регионот, Македонија е со најголема стапка на смртност.

По вчерашните фатални бројки од 40 смртни случаи во едно деноноќие, Македонија со бројка од 2.8 % е повторно со највисока стапка на смртност на Балканот.

Имено стапката на смртност е процент на починати од вкупниот број на заразени случаи од коронавирусот.

Како што може да се види од приказот Босна и Хегцеговина има стапка на смртност од 2.6%, Албанија и Бугарија со 2.2%, потоа е Црна Гора со 1.4%, додека Хрватска и Србија имаат стапка на смртност од 1.2%.

Македонија за разлика од Хрватска и Србија кои иако имаат вкупно поголем број на заболени од коронавирус, процентот на починати лица таму во споредба со бројот на заразени е дупло помал.

Заклучно со вчерашниот ден вкупно 84,206 заразени од коронавирус има Хрватска, а во Србија таа бројка е 54,568. Македонија пак има вкупно 47,050 заразени од вирусот, но со зачудувачки двојно поголем процент на починати ако се спореди со бројот на заразени во овие земји.

Дополнително е загрижувачка ситуацијата со стапката на смртност во Македонија ако ja погледнеме стапката на смртност во земјите од Европската унија.

Заклучно со 15 ноември земјите од Европската унија иако имаат енормен број на потврдени заболени случаи со бројка од над 9 милиони жители, просечната стапка на смртност во земјите од Европската унија како што е прикажано на приказот е 2.3% со тенденција на видливо намалување на овој процент.

По ова Македонија има и поголема стапка на смртност отколку земјите во регионот, но и поголема смртност отколку што во просек бележат земјите од Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.