Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека сега е временски период во кој треба да постигне процент на вакцинација којшто ќе биде доволен за да се стекне таканаречениот колективен имунитет. Тоа е, како што вели, некаде околу шеесетина проценти.

-Нашата проценка е дека некаде до крајот на летото, средина на летото може да се постигне имајќи ги предвид сите количини вакцини кои треба да пристигнат во нашата земја. Во таа смисла сите мерки кои сега ги препорачуваме важат за сите граѓани се уште. Понатаму за во иднина се уште е рано да се каже, затоа што не можеме да процениме колкав ќе биде одѕивот на граѓаните за вакцинација. Морам да кажам дека и покрај тоа што 20 проценти не се јавуваат, голем е бројот на граѓани коишто се јавуваат, покажуваат интерес итн, истакнува Филипче во интервјуто за РСЕ.

Тој најави дека сите граѓани кои се пријавиле за вакцина ќе добијат термин до 15 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.