Група граѓани и денеска излегоа на протест пред Собранието на Македонија. Тие бараат ослободување за, како што велат, уставобранителите од настаните на 27 април 2017 година. „Македонија се буди, за насилството ќе ви суди“, „СЛОБОДА“ и „ПРАВДА“ се дел од паролите кои тие ги имаат со себе.

Претходно, голем протест се одржа и во неделата каде учесниците на протестот насловен како „Слобода на уставобранителите“ се движеа од пред Владата до Собранието, и побараа да се поништи судењето со кое беа осудени учесниците во упадот на Собранието на 27 април 2017 година и да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

За настаните во Собранието на 27 април 2017 година вкупно за 16 осудени беа доделени 188 години затвор.Оперскиот пејач Игор Дурловски е единствениот кој доби ослободителна пресуда во големиот судски процес за насилствата од 27 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.