Ковид-заразата донесе прекумерна смртност во Македонија за изминатите месеци. Тоа го потврди група научници во научна студија, собирајќи ги официјалните податоци од здравствените институции во светските земји, објави „Телма“.

Прекумерната смртност во земјава во време на пандемија изнесува 47%, и според тоа Македонија е сместена на прво место во Европа, а петта во светски рамки. Пред нас се само јужноамериканските држави – Перу, Еквадор, Боливија и Мексико.

Од европските и земјите од соседството зад нас е Албанија со 43% прекумерна смртност. Близу е и Косово со 41%.

Нешто помала прекумерна смртност има во Србија со 29% според пресметките на научниците, додека во Хрватска и Словенија таа изнесува под 20%.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.