Наспроти ветувањата на Зоран Заев дека македонскиот јазик и идентитетот ќе бидат „забетонирани“ и загарантирани со договорот од Преспа, НАТО денес одби да го именува јазикот како македонски.

На интернет страницата на НАТО на која во живо се пренесуваше потпишувањето на протоколот за членство, беа понудени опции тоа да се следи на англиски, француски, па дури и руски. Но, при македонската опција, јазикот беше обележан само со знамето на Македонија, а не стоеше зборот македонски.

За разлика од македонскиот, англискиот, францускиот и рускиот јазик беа понудени без знаме, со наведено име на јазикот.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг исто така упорно одбиваше да каже „Македонија“, и користеше изрази како „вашата земја“, „нивните вооружени сили“, „Скопје“ и секако „идната Република Македонија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.