На денешната сесија на германскиот Бундестаг свое место не најде прашањето за европската иднина на Македонија. Сепак, европската агенда на Македонија ќе се најде на дневен ред на 25 и 26 септември, за кога од Владата се надеваат дека земјава добие зелено светло за почеток на преговорите за влез во Европската унија.

Во Берлин утре и задутре средби ќе оствари шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, кој ќе се обиде ги убеди и скептиците во редовите на тамошната владејачка коалиција.

Позитивната одлука на Германија, како водечка сила во Европа, се очекува да биде јасен сигнал и за останатите земји членки во однос на Македонија. Сепак, се уште останува неизвесен ставот на најголемите скептици на проширувањето, Франција и Холандија, кои и натаму испраќаат воздржани пораки.

Евентуалната позитивната одлука на Берлин, вклучително и на останатите 27 земји – членки, најпрво ќе се најдат пред Советот на министри на ЕУ на 15 октомври, а нивната одлука, два дена подоцна ќе ја потврди и Европскиот совет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.