Македонија ќе биде поканета на првиот состанок на Европската политичка заедница што треба да се одржи на почетокот на октомври во Чешка. Турција и Обединетото Кралство исто така „треба да бидат поканети“ на состанокот, којшто треба да ги собере лидерите на 27-те и оние на земјите кандидати за членство или соседните земји во Прага на 6 октомври, јави дописникот на МИА од Стразбур.  

На состанокот во Прага, за првпат шефовите на државите и владите од европскиот континент во пошироката смисла, ќе се најдат за да зборуваат на рамноправна основа, што е многу важно за земјите од соседството на ЕУ, вели француската државна секретарка за европски прашања Лоранс Боон.

-Тоа ќе биде истовремено политичка дискусија на високо ниво со цел да се воспостави сорабока која се однесува на сите, на пример во областа на енергијата или безбедноста, но исто така да се испрати и геополитички сигнал, додава таа.

-Европа, во себе е носител на социјален модел, на вредности, кои се уникатни во светот но кои се загрозени денес, и значи многу е важно да се отвори динамика на обединета географска зона. А потоа, секој може да му даде на проектот форма и содржина, вели француската државна секретарка за европски прашања во однос на првиот состанок на Европската политичка заедница, кој треба да се одржи на почетокот на октомври  во Прага, вели таа.

Лоранс Боон не потврдува дали Турција ќе биде поканета на состанокот. Бидејќи не е Франција таа која ги испраќа поканети.

Покрај земјите-членки на ЕУ, лидерите на шесте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија), Обединетото Кралство, Норвешка, Швајцарија, Украина, Молдавија, Исланд, Грузија, Турција , Ерменија, Азербејџан и Лихтенштајн треба „наскоро“ да добијат покана, според еден од овие извори.

„Овој список е конечен“, изјави европски дипломат. Друг дипломатски извор повнимателно рече дека „консултациите продолжуваат“.

Овој проект за платформа за политички дијалог и соработка беше лансиран од францускиот претседател Емануел Макрон и одобрен во јуни за време на самитот на ЕУ. Германскиот канцелар Олаф Шолц ја потврди својата поддршка за иницијативата на крајот на август.

Првиот состанок ќе се одржи на ниво на шефови на држави и влади на 6 октомври во Чешка, земја која претседава со Советот на ЕУ, во пресрет на самитот на 27-те.

Тоа треба да овозможи „политичка дискусија за стратешки прашања од заеднички интерес за европскиот континент“, „главно војната на Русија против Украина, енергетската криза и економската ситуација“, се подвлекува од европски извор.

Состанокот ќе биде во форма на пленарна сесија, тркалезни маси, билатерални состаноци и завршна вечера. Оваа европска политичка заедница не претставува алтернативно решение за проширувањето на ЕУ, инсистира истиот извор.

Во својот говор пред француските амбасадори на 1 септември, Емануел Макрон објасни дека Европската политичка заедница треба да се состанува на секои шест месеци

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.