Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ја поздравува изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин.

За првпат од 1944 година ја слушаме од Скопје вистината за Гоце Делчев! Да, тој се прогласи за етнички Бугарин, без толкувања! Вистина е, исто така, дека тој се борел за автономна Македонија во рамките на Отоманската Империја, пишува Ковачев на социјалните мрежи.

Пораката од Пендаровски ја поздравува и Ангел Џамбаски, европратеник од националистичката партика на Каракачанов, кој вели дека изјавата на македонскиот претседател е добар чекор против 50 години бесно антибугарство.

Ова е голем чекор напред. По години на фалсификати, по години на фалсификувана кражба на бугарската историја, на безобразни злоупотреби, актуелниот претседателот на братската Македонија вели дека е историскиот факт дека Гоце Делчев е Бугарин. Оттука натаму евентуалните преговори за членство на Македонија во Европската унија ќе минуваат низ демонтирање на лажната надградба на македонската државност. За нас не постои сомнеж – поимот ‘македонска нација’ има свој датумот на раѓање – 2 август 1944 година во манастирот” Прохор Пчински” кој понатаму беше наметнат со националното предавство на некои лидери во Софија по 1944 година“, вели Џамбаски за бугарските медиуми.


Целиот текст на Алфа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.