Децата во Македонија може да постигнат само 56 проценти од својот човечки капитал кога ќе пораснат, се вели во Извештајот за Човечки капитал 2020 во време на Ковид-19 на Светска Банка.

Индексот го мери човечкиот капитал што новородените деца може да очекуваат да го постигнат до наполнување на нивната 18 годишна возраст, со ова се обликува продуктивноста на следната генерација на работници со оглед на ризиците од лошото здравје и лошото образование кое што преовладува во нивните земји.

Овој индекс говори за тоа дали владите инвестираат во човечкиот капитал на своите граѓани, и како што се вели во Извештајот што постигнале, дали постигнале напредок во подобрување на човечкиот капитал. Но, поради пандемијата од Ковид-19 можно е враќање наназад, посочувајќи дека потребна е итна акција за да се за заштити тешко остварениот напредок во човечкиот капитал особено кај сиромашните ранливите категории.

Индексот мери различни димензии на човечкиот капитал како здравјето односно преживување на децата, застој и стапки на преживување, како и квантитетот и квалитетот на школувањето односно годините на школување, постигнатите резултати и резултати од меѓународни тестови.

Во Извештајот за човечки капитал 2020 јасно се гледа дека децата во Македонија може да се развијат само 56 проценти од својот потенцијал поради нискиот квалитет на образованието и здравствениот систем што е најнизок процент споредбено со земјите од регионот. Или пред нас како подобри земји, гледано во регионот, кои имаат поквалитетно здравство и образование се  Косово со 57 проценти, Србија со 68 проценти, Словенија 77 проценти, Албанија и Црна Гора го имаат истиот процент односно 63,  Бугарија 61 процент, Босна и Херцеговина и Грција со 69 проценти.

Според податоците од истиот, како најдобри земји се вбројуваат Сингапур до 88 проценти, Хонг Конг 81 процент, Јапонија 80, Кореја 80, Канада 80 проценти, Финска 80, како и Шведска со 80 проценти.

Оттука може да се заклучи дека власта не инвестира доволно во човечкиот капитал, не нуди квалитетно образование преку кое се создаваат високо квалификувани кадри кои ќе бидат продуктивни и ќе можат да придонесат поквалитетен живот на идните генерации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.